Home / Вести / “Комитите “ му оддадоа почит на Саздо

“Комитите “ му оддадоа почит на Саздо

Членови на навивачката група „Комити“ вечерва со мирен протест „Минута молк за Никола Саздовски“ пред Собранието, му оддадоа почит на Никола Саздовски кој почина вчера, по девет дена поминати во кома откако на 29 јуни беше ѕверски претепан од тројца насилници.

Присутните пред фотографија од починатото момче поставена на троатарот пред Собранието, палеа свеќи. Собирот се одржа без пароли, без извици, а на него присуствуваше и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој се појави во дрес на Вардар и запали свеќа во чест на Саздо. Меѓу присутните на собирот беше и Солза Грчева, лидерка на партијата „Гласза Македонија“.

На групата млади им се приклучија и случајни минувачи и граѓаните што со денови ја блокираат улицата пред Собранието, протестирајќи против промената на името.

Дваесет и едногодишниот Никола Саздовски денеска беше погребан на гробиштата во селото Ракотинци.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!