Home / Култура / Чествување за Милтон Манаки

Чествување за Милтон Манаки

На Влашките гробишта во Битола денеска беше организирано чествување по повод 51 година од смртта на првиот филмски снимател на Балканот Милтон Манаки.

Чествувањето беше во организација на Комуната на Власите, а покровител на манифестацијата е градоначалникот на општината Битола, Владимир Талески.

manaki 3  manaki 7

На настанот присуствуваа голем број претставници од институциите кои го негуваат и се грижат за големото дело на Браќата Манаки, директорката на Кинотеката на Македонија, директорот на Интернационалниот филмски фестивал ,, Браќа Манаки“ и многу други здруженија и граѓани.

-Секоја година на петти март доаѓаме на гробот на Манаки и ја оддаваме должната почит кон едно историско име. Браќата Манаки, Јанаки и Милтон направија една историско револуционерна работа која што се однесува на делот на филмската уметност, фотографијата, односно на делот на развојот на Битола- изјави градоначалникот на општина Битола д-р Владимир Талески.

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*