Home / Вести / Од 38, 25 пратеници на ВМРО ДПМНЕ се за предвремени избори

Од 38, 25 пратеници на ВМРО ДПМНЕ се за предвремени избори

Досега 25 членови на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, која сега е сведена на 38 парламентарци, се потпишани на барањето за одржување предвремени парламентарни избори и формирање техничка влада – 100 дена претходно.

Ова го јавуваат  извори од парламентарното мнозинство, според кои предлогот на опозицијата не е доставен се уште кај спикерот Талат Џафери, кој, пак, откако ќе го добие има рок од три дена да го распредели меѓу пратениците.

Од пратеничката група на СДСМ најавуваат дека најверојатно нема да ја прифатат иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ, што, сепак, не значи дека е отфрлена можноста за предвремени избори. Конечната одлука за тоа дали ќе се оди на спојување на изборните циклуси, според најавите, ќе биде донесена до крајот на оваа седмица, на седница на Извршниот одбор на СДСМ, кој доби такво овластување од Централниот одбор минатиот петок.

За распуштање на парламентот и распишување предвремени избори треба да се обезбедат најмалку 61 пратенички глас.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!