Home / Uncategorized / Тома Фила: Најсреќниот ден во мојот живот

Тома Фила: Најсреќниот ден во мојот живот

          Добитник на признанието кое Битолски весник  оваа година прв пат  го воведе е битолскиот адвокат со светска слава Тома фила.                 

          Тој е личност која се гордее со Македонија, за која вели дека е неговата татковина. Роден е во Битола во 1941 година. Син е на истакнатиот правник, адвокат и борец за правда битолчанецот  Филота Фила. Средното образование и правните студии ги завршил во Белград. Дипломирал во 1963 година, а станал најмлад адвокат во Југославија.

Во професионална кариера бил секретар на Адвокатската комора, член на Советот на Правниот факултет во Белград. Од 1990 до 1994 год. бил претседател на Адвокатската комора на Србија.

Адвокат кој се ангажирал во одбрана на обвинети за најтешки кривични дела. Прв адвокат од Србија кој бил ангажиран во Хашкиот трибиунал. Бил адвокат на Јованка Броз, Слободан Милошевик, Горан Хаџик и многу други…

Во пензија е од 2010 год. Во 2015 год. ја промовираше книгата „Завршна реч”, а во 2016 година е прогласен за почесен доктор на науки на Универзитетот „Св.Климент Охридски” Битола, каде во 2017 год. ја формираше фондацијата „Тома Фила” која го стипендира најдобриот студент  на битолскиот универзитет во стекнувањето на стаж како адвокатски приправник.

Моментално е советник на првиот потпретседател на Владата на Р.Србија, помошник на Неговата Светост Патријархот г.г.Иринеј во белградско карловачката архиепископија, претседател на Црковната општина во Белград.

Вршејќи ги тие функции се залага за зајакнување на односите помеѓу двете држави и за признавање на Македонската православна црква.

          По добивањето на признанието Тома Фила изјави:

-Ова е најубавиот ден во мојот живот. Голема благодарност до Битолски весник и граѓаните на Битола кои не ме заборавија.

Вечерта помината во Вавилон долго ќе ја паметам. Тоа беше спектакуларна манифестација каква што верувајте нема ни во Белград, ни изјави Тома Фила, кој вечерта на Манифестацијата даде предлог Трифун Костовски да биде прогласен за почесен граѓанин на Битола.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*