.flexslider .slides img { width: 300px!important; height: 250px!important; display: block; }
Don't Miss
Home / Култура / Дарко Митревски го претстави сценариото за “Аферата Мис Стон“

Дарко Митревски го претстави сценариото за “Аферата Мис Стон“

Режисерот Дарко Митревски и продуцентите Санмин Парк од САД и Роберт Насков од Македонија, денеска во Битола претставија делови од сценариото на новиот македонски филм „Аферата Мис Стон”.
Митревски истакна дека идејата за најновиот филм ја „пронашол” во една американска антикварница каде ја забележал книгата „Пожар во планините” која биле посветена на Мис Стон и нејзиното грабнување во Македонија. Првите филмски кадри за „Аферата Мис Стон” во американско-македонска копродукција се очекува да бидат снимени кон крајот на месец април, а ќе се снима и во текот на целото идно лето. Во филмот ќе настапат македонски и американски актери, а главната улога, улогата на Мис Стон ќе ја има американска актерка, беше посочено на денешната прес- конференција во Битола.

 

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*