Home / Uncategorized / Делегација на Битола во посета на Епинал

Делегација на Битола во посета на Епинал

Делегација од Општина Битола, предводена од градоначалничката Наташа Петровска, викендов престојуваше во збратимениот град Епинал, Република Франција, на одбележувањето на празникот на заштитникот на градот, Св. Никола.

За време на прославата, беа одбележани и 50 години од збратимувањето на двата града.

Во својот говор,за време на официјалниот прием во општинската зграда во Епинал, градоначалничката Наташа Петровска го истакна значењето и придобивките на двата града од 50 годишното збратимување.

-И еве, тука во Епинал, одбележуваме заеднички една историја, една традиција, една силна врска која трае непрекинато веќе 50 години. Пет децении за нас некој го трасирал овој пат. Ние сега ја трасираме иднината за нашите генерации. Ние сега, со ова заедничко пријателство и блискост, вашето присуство во Битола и нашето во Епинал, покажува дека ни е важно ова пријателство да трае, да опстојува, да се негува и постојано да расте. Затоа за нас претставува огромна чест, што во квартот кој го носи името на нашиот град Битола, сега има и сквер Битола, истакна Петровска.

На  свеченоста  беше потпишана Повелба и Златна книга по повод 50 години од збратимувањето на двата града.

За време на прославата во Меѓуопштинската мултимедијална библиотека во Епинал беше инаугурирана изложбата „Фотографското творештво на браката Манаки во контекст на Првата светска војна” од авторот Роберт Јанкулоски.

Изложбата ја отворија градоначалникот на Епинал, Мишел Хајнриш и градоначалничката на Битола Наташа Петровска. Битолската делегација имаше можност да го открие новиот тотем за историјатот и географската положба на градот Битола, поставен на влезот од квартот Битола во Епинал. На овој начин, велат од локалната самоуправа на Епинал, самите жители на квартот Битола ќе знаат повеке работи за градот чие име го носи нивниот кварт.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!