.flexslider .slides img { width: 300px!important; height: 250px!important; display: block; }
Don't Miss
Home / Македонија / Денеска рочиште на СЈО за уништување документација во УБК

Денеска рочиште на СЈО за уништување документација во УБК

Денеска во 11.30 часот во Кривичниот суд во Скопје треба да почне судскиот процес за уништувањето документација поврзана со опремата од незаконското прислушување, за што Специјалното јавно обвинителство на 15 септември, годинава поднесе обвинение против седум лица.

Првообвинетиот, поранешниот началник на петтата управа Горан Грујовски, СЈО го товари за фалсификување службена исправа, односно за уништување на документацијата поврзната со двата системи од нелегалното прислушување. Овие системи, како што претходно информираше СЈО во случајот „Тврдина“, биле уништени во текот на минатата година.

Иако обвинението беше поднесено на 15 септември, судскиот процес беше закажан дури на 4 ноември бидејќи СЈО бараше изземање на судијката Лидија Петровска, кај која беше распределен предметот. Барањето беше одбиено, а одлуката ја потврди и Апелацискиот суд.

Судијката Лидија Петровска беше спомената во една од „бомбите“ во разговор меѓу нејзината колешка Софија Лаличиќ и поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, во кој се тврди дека местото го добила со купување подароци „Сваровски“ за претседателката на Врховниот суд Лидија Неделкова.

На 21 ноември требаше да почне и судскиот процес за второто обвинение на СЈО, за насилствата во Општина Центар од јуни 2013 година, но судот го одложи рочиштето за 16 декември, на барање на Никола Додевски, адвокат на дел од обвинетите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*