Home / Вести / Доделени наградите за волонтерство

Доделени наградите за волонтерство

Советот за волонтерство на Општина Битола, денес организираше настан за доделување на Локална волонтерска награда 2018, за волонтер и волонтерска акција кои што дале значителен придонес за волонтерството во општина Битола. Наградата се доделува за прв пат и е од големо значење за признавање на граѓанскиот ангажман во подобрување на животот во локалната заедница и истата има за цел да го поттикне и промовира волонтерството во Битола, да се зголеми видливоста на волонтерите и позитивните волонтерски практики и да инспирира понатамошно унапредување и развој на волонтерството на локално ниво.

„Општина Битола е прва општина во Република Македонија, која што оформува ваков совет.  5-ти Декември е Меѓународниот ден на волонтерите и по тој повод, организираме настан на кој се доделуваат награди за волонтерство. Наградите се доделуваат на годишна основа“, изјави заменик градоначалничката на Општина Битола, Емилија Костурски.

„Денес е Меѓународен ден на волонтерите, кој секоја година многу граѓански организации го прославуваат. Недоволно е препознаен и признат во јавноста, што е една од причините што општина Битола, реши да направи тело што ќе го препознава и валидира волонтирањето, преку формирање Совет за волонтерство. Во периодов, се иницираа повеќе иницијативи и волонтерски практики, а денес доделуваме неколку награди за волонтер, иницијатива, за организатор на волонтерска работа, така што со ова се надеваме дека ќе дадеме дополнителен поттик на граѓаните да волонтираат, да инвестираат во јавен интерес“, изјави Виктор Илиев, претседател на Советот за волонтерство.

За големиот и значаен ангажман, денес беше доделена награда за волонтерски клуб за 2018 на Волонтерскиот клуб „Тереза Фердинанди Литовска“ при СОУ „Таки Даскало“ – Битола, наградата за волонтер за 2018 година на Верица Бутлевска, наградата за корпоративно волонтирање во 2018 година на Пивара Скопје и посебно признание за долгодишен волонтерски ангажман и беше доделено на Олга Ристевска. Наградените изразија благодарност за наградата, нагласувајќи дека на овој начин добиваат понатамошна стимулација за нови волонтерски акции и активности.

Советот за волонтерство на Општина Битола се формира во рамките на проектот „Инспирирај, вклучи се, волонтирај!“ поддржан од Проектот на УСАИД за граѓанско учество, а спроведуван од Младински културен центар – Битола. Локалниот совет за волонтерство претставува меѓусекторско тело одговорно за имплементација и следење на Стратегијата за развој на волонтерството во општина Битола (2015 – 2018), како и промоција на волонтерските политики и програми на локално ниво.

Практиката за формирање Совет за волонтерство, предизвика интерес и кај три други општини во Република Македонија, а искуството од Општина Битола ќе биде пример за понатамошно дејствување на другите општини во оваа насока, како и поттик на младите луѓе за вклучување во развојот на заедницата и креирањето на младинските политики, информираше

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!