.flexslider .slides img { width: 300px!important; height: 250px!important; display: block; }
Don't Miss
Home / Политика / Душко Илиевски, млекарот му сврте грб на Зоран Заев

Душко Илиевски, млекарот му сврте грб на Зоран Заев

Со оглед на тоа што се чувствувам изневерен и изигран, бидејќи раководството на партијата и лидерот на СДСМ Зоран Заев одбиваат да ми ги платат  казните за прекршочните пресуди кои ги добив за протестите против Груевски и Владата, а кои изнесуваат околу 90.000 денари јас ги замрзнувам сите активности во СДСМ и додека е на чело на оваа партија Заев нема повеќе да излегувам на никакви протести и да учествувам во никои активности.

Ова го изјави за “Б-97 радио“  Душко Илиевски, фармерот гостувајќи во отворената програма.

 

Илиевски, кој  заедно со својот брат и татко лежеше 12 дена притвор и беше обвинет за незаконско производство на марихуана деновиве преку извршител треба да плати 90.000 денари, тој за помош се јавил кај лидерот на партијата  Зоран Заев и потпретседателот Александар  Кирацовски но тие одбиле да му ги надоместат трошоците,.

 

Поради таквиот нивни потег тој разочаран го замрзна своето членство во партијата.
Неодамна  во емисијата “Полиграф“ на “Б-97 радио“  Илиевски изјави дека обврска да му ги платат трошоците за судските постапки зело раководството на партијата, но откако Бранко Црвенковски се повлече  од СДСМ, Заев не сака ни да слушне да му ги исплати тие пари.

 

– Додека е Заев на чело на СДСМ  јас повеќе нема да имам никакви активности. Со Заев ние никогаш не можеме да го победиме ВМРО-ДПМНЕ,  бидјеќи тој е опкружен со млади послушници кои исклучиво ги гледаат своите интереси,  изјави  за  “Радио Б-97“  Душко Илиевски- фармерот.

 

 

Б.В.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*