Home / Спорт / “Пелистерци “ претепани во Љубанци

“Пелистерци “ претепани во Љубанци

Фудбалерите на Пелистер на гостувањето во  Маџари против Љубанци,  буквално беа претепани.

Но и покрај огромните притисоци “ пелистерци “ непоразени се вратија од  Маџари , играјќи нерешено 0:0,  но за жал не успеаја да се пласираат за баражот, кој води до пласман во Првата фудбалска лига.

Според зборовите на првиот тренер на Пелистер Науме Љамчевски, фудбалерите на Пелистер  во текот на сите 90 минути биле буквално малтретирани и физички напаѓани.

Во еден момент шефот на стручниот штаб исплашен за безбедноста на играчите дури размислувал да ја повлече екипата од теренот и воопшто повеќе да не излегува на зелениот тепих.

-Тоа што го доживеавме  на стадионот во Маџари во натпреварот со Љубанци во Љубанци навистина нема никаква  врска со фудбалот. Во Маџари против Љубанци  да играше и Барселона во неделата ќе доживееше пораз. Таму имаше се,  само не фудбал. Јас им честитам на моите фудбалери кои издржаа невиден притисок да не славиме победа, изјави  по враќањето од Скопје  за емисијата “Спорт” на  Радио Б- 97 првиот човек на Пелистер, Науме Љамчевски.

Со ова “реми” фудбалерите на Пелистер ги загубија и теоретските шанси за пласман во Првата фудбалска лига.

 

Б.В.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*