Home / Вести / Филип Ивановски нов претседател на НСДП Битола

Филип Ивановски нов претседател на НСДП Битола

        Во петокот на 14 октомври, во просториите на Националната установа „Завод и Музеј Битола” се оддржа 12 Изборна Конференција на општинската организација на НСДП  Битола, на која беше избран нов претседател на општинската организација и нови органи и тела на партијата.

        На  Конференцијата  зедоа учество 80 делегати. Активно учество на изборната конференција зеде и претседателот на партијата, Горан Мисовски, генералниот секретар Мики Милковски, како и потпретседателите Драги Крстев, Јулијана Цековска и Зоран Маневски, организацискиот секретар Венцо Вуинов,членови на Извршниот одбор како и други гости од други општински организации на НСДП.

      На Изборната конференција за претседател на општинската оррганизација беше избран Филип Ивановски, дипломиран правник од Битола.

     Воедно беа избрани и 16 члена на Извршниот одбор и 5 члена на Надзорниот одбор.

               

       

      

     

    

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*