Home / Вести / TE“Блок 1” приклучен на мрежата, производството двојно зголемено

TE“Блок 1” приклучен на мрежата, производството двојно зголемено

Во саботата  во 22:51 часот термоелктрaната “Битола 1” по 23 дена ремонт,  беше повторно  синхронизирана со електроенергетскиот систем на државата  и почна повторно  со производство на електрична енергија.

        Постројката е  во функција после 23 дена ремонт и заедно со “Блок 2” испорачуваат електрична енергија.

Ремонтот, кој обично трае 45 дена и повеке, завршен е во рекордно краток рок од само 23 дена.

Тоа се должи  пред се благодарение на вработените во РЕК “Битола” и на ангажманот на исклучиво домашни фирми.

        Согласно планот за производство и во непроменети околности, РЕК “Битола” треба да продолжи да работи со два блока до почетокот на ноември. Откако ќе биде монтиран новиот трансформатор на “Блокот 3”, во краткотраен ремонт треба да влезе и “Блок 2” со цел да се зголеми доверливоста и стабилноста на капацитетот во екот на грејната сезона.

        АД ЕСМ во моментов ги задоволува потребите за струја на домакинствата и малите потрошувачи исклучиво од сопствено домашно производство, велат од АД ЕСМ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*