Don't Miss
Home / Политика / Габриела Илиевска: Нема да се повлечам од иницијативата за преименување на салата

Габриела Илиевска: Нема да се повлечам од иницијативата за преименување на салата

Денес, во јавноста со соопштение се огласи Габриела Илиевска, советник во Советот  на општина Битола, која на вчерашната седница ја поднесе иницијативата за преименување на спортската сала “Младост“.

-Како подносител на иницијативата за преименување на спортската сала “Младост“  во спортска сала Боро Чурлевски чувствувам морална обврска да ја информирам јавноста што навистина се случи со истата на вчерашната седница на совет на општина Битола.

На почетокот, иницијативата беше поставена како точка на дневен ред, но владејачкото мнозинство предводено од ВМРО-ДПМНЕ изгласа нејзино повлекување под изговор дека по истата мора прво  да се изјасни спортската јавност. Вистината е дека владејачката партија и овојпат не успеа да се надмине себеси и да прифати иницијатива поднесена и поддржана од страна на опозицијата.

Навистина е жално кога и ваков предлог кој ја има неподелената подршка од битолчани се политизира и девалвира. Би сакала да порачам дека нема да отстапам од својата иницијатива бидејќи е искрена, хумана и добронамерна, без оглед на опструкциите и зад кулисните игри- се вели во реакцијата на Габриела Илиевска, советник во Советот на општина Битола од редовите на ВМРО-Народна испратена до медиумите.

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*