Home / Вести / Ги отвориле угостителските објекти на своја рака

Ги отвориле угостителските објекти на своја рака

Битолското Основно јавно обвинителство до Основниот суд во Битола по поднесени кривични пријави од Државниот пазарен инспекторат поднесе предлози за казни поради сторено кривично дело непостапување според здравствени прописи за време на епидемија против 13 правни и 13 физички лица.

Како што информираат од Обвинителството пријавените во текот на март и април годинава тринаесетте обвинети како управители на правни лица не постапиле според одлуката за мерки против ширење на коронавирусот донесена од Владата, со која се забранува работа на кафетерии, барови, клубови, казина и спортски обложувачници,
односно дозволиле објектите да работат.

При контрола од државни пазарни инспектори било констатирано дека обвинетите даваат угостителски услуги. За сите обнвинети Обвинителството до судот предложило на секој од управителите на субјектите да им се изрече глоба во висина од 2.000 евра во денарска противредност, додека на правните лица ќе им биде изречена глоба во износ од 100.000 денари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!