Home / Вести / Горан Никловски директор на УБК, Лазо Велковски на Бирото за јавна безбедност

Горан Никловски директор на УБК, Лазо Велковски на Бирото за јавна безбедност

На попладневната владина седница, на предлог на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, за директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) е избран Горан Николовски, а за директор на Бирото за јавна безбедност (БЈБ) Лазо Велковски.

Велковски со доаѓањето на Оливер Спасовски на министерската функција беше поставен за началник на СВР Скопје, а речиси целиот работен век го минува во МВР. Тој завршил Факултет за безбедност, а од март 1990 година е вработен во МВР, каде што најпрво работел во униформираниот, а потоа во цивилниот дел на полицијата. Бил и шеф на Градската управа за внатрешни работи Скопје-ГУВР.

Горан Николовски во моментот е началник на оддел во УБК.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!