Home / Македонија / Ѓорчев: Заев не одлучува кој ќе ја составува Владата, туку граѓаните

Ѓорчев: Заев не одлучува кој ќе ја составува Владата, туку граѓаните

Зоран Заев сака да ви ја украде победата. Сака да ги помножи вашите гласови со нула. Поразениот сака да стане победник. Народот одлучи, народот гласаше. Нема да му дозволиме да ја украде победата на граѓаните на Република Македонија, истакна на денешната прес-конференција Влатко Ѓорчев.

– Имаме јасна кристално чиста победа и тоа како верификувана и потврдена. Заев доби се’ што бараше во минативе години. Доби услови кои никој во светот не ги доби. Граѓаните решија да ја поразат неговата политика и да ја задржат унитарноста и уставниот поредок. Оваа држава има народ и уставен поредок. Кој ќе ја одлучува и кој ќе ја составува Владата, не одлучува Заев туку граѓаните. Оваа изборна победа на ВМРО ДПМНЕ ја верификуваа надлежните институции, ОБСЕ; ЕУ, САД и цела низа земји со кои имаме билатерални контакти. Победата на ВМРО и на коалицијата на 25 државни партии, ја потврди Државната изборна комисија. Зоран Заев излезе и се закани. Нека води сметка дека се заканува на 453 илјади граѓани на Р. Македонија. Народот гласаше и нема намера да му дозволи на Заев да ја украде демократски изразената волја на граѓаните на Република Македонија – рече Ѓорчев и потенцираше дека Заев ја турка Македонија во криза.

– Да се заврши оваа работа во европски манири. Да си честитаме и да престане ова сценарио – додаде Ѓорчев.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*