Don't Miss
Home / Uncategorized / Груевски му одговори на Заев за (не)решавањето на спорот со името

Груевски му одговори на Заев за (не)решавањето на спорот со името

Поранешниот премиер Никола Груевски за вечерашната изјава на премиерот Заев дека владата на ВМРО-ДПМНЕ во 2012 година прифатила Горна Македонија ерга омнес, Груевски објави реакција на својот Фејсбук профил напиша.

-Најдобар демант за она што го говори Заев е факторот време. Тој фактор покажува дека јас и ВМРО-ДПМНЕ разговаравме за надминување на разликите околу името како што не обврзува резолуцијата на ООН, но не го променивме името и идентитетот цели 11 години. А тој прифати и спроведува промена на името „ерга омнес“ со промена на Уставот што недвосмислено влијае на менување на идентитетот. И со многу отстапки во договорот кои никогаш не биле предмет на разговор, а камоли отстапка. Надвор од памет било да се прифати „ерга омнес“, што значи и промена на името во Уставот со име Северна или Горна или било каква Македонија. Па уште и сум се откажал од идентитетот. Само името на автопатот ги изнервирало Грците и затоа ја пропуштиле таа можност. Ваков договор, со вакви елементи во него, со вакви отстапки во членовите на договорот, не сум ни можел да прифатам, бидејќи дел од прифатените работи не се ни барале од другата страна, напиша Груевски.

Тој додава дека Владата сака да дефокусира и да зборуваме за се, само не за овој договор кој, како што вели, навистина е национална катастрофа.

-Еве само еден пример. Според договорот на Заев, татко ми кој е роден во Леринско, 15-тина километри од денешната границата, е дел од историјата за која Грција доби експлузивно право со договорот и има право својот идентитет меѓудругото да го влече и од тој дел на историјата, а јас негов син, кој сум роден од другата страна на границата немам такво право. И така е и со илјадници други Македонци, не само оние со потекло од тој дел на Македонија. И со оние со потекло од овој дел на Македонија. Кој е тој научник кој административната граница денес, ја претвори во историска и идентитетска граница. И такви нелогичности има еден куп во овој договор, заклучува Груевски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*