Home / Вести / Итно решавање на проблемот со обиколницата над Битола

Итно решавање на проблемот со обиколницата над Битола

Пратеникот на СДСМ од Битола и локален лидер на партијата Васко Ковачевски денеска упати  ургентно барање до министерот за транспорт и врски  Горан Сугаревски, потоа директорот на ЈП за државни патишта Алексанадр Стојанов и директорот на ЈП Македонија пат Гајур Кадриу за итно решавање на проблемот со свлечиштето над патот Битола – Охрид  и обиколницата на овој патен правец кој води од Прилеп кон Охрид.

Во барањето на пратеникот Васко Ковачевски меѓу другото стои:

-Во име на граганите на Општина Битола се обракам до вас како надлежни институции за изградба,  реконструкција  и одржување  на јавните  патишта,  веднаш да  превземите мерки и активности во рамките на вашите надлежности за ставање во функција на обиколницата  над  градот  Битола  на  патниот  правец, А З  Прилеп –  Битола  – Ресен.

Имено, оваа патна делница не е во функција повеке месеци со разни образложенија (појавени свлечишта, градежен шут и отпад, работа на каменолом и сл.) при што патниот сообракај  на лесните  и тешките  возила се пренасочува  низ градот  Битола,  а со тоа  се прави сообракаен метеж, оштетување на приградските и градските улици, зголемување на загадувањето и др.

Очекувам во најбрз  можен рок   да се одржи заедничка работна средба, со цел да се договорат и организираат мерки и активности за пуштање во функција на оваа делница, посебно заради почетокот на туристичката сезона и очекуван зголемен собракај. Истовремено вe известувам дека преку средствата за јавно информирање ќе побарам помош  од  фирми  и поединци да  се вклучат со опрема  и механизација за расчистување на отпадот  и се она што е пречка  за нормално  фуккционирање   на оваа  патна делница, се вели во барањето на пратеникот Васко Ковачевски.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!