Home / Градска хроника / Измамникот од САД се луксузира во Прилеп!?

Измамникот од САД се луксузира во Прилеп!?

Измамникот од САД, по потекло од Мешеиште, Р.Б.(40) заедно со својата невенчана сопруга, или пријателка В.У(41) од Охрид, кои неодамна успеаја да измамат неколку битолски хотелиери и сопственикот на болницата “ Плодност “ се луксузира во Прилеп.
Оваа информација вечерва ни ја потврдија наши читатели кои откако ја прочитаа приказната за измамничката двојка од САД, на порталот на Битолски весник, се јавија со информација дека Р.Б. се наоѓа во хотел во Прилеп и таму престојува неколку дена.
Вечерва разговаравме со сопственикот на хотелот во Прилеп и тој ни потврди дека таков гостин има во неговиот хотел, кој престојува веќе 5 дена, но за разлика од другите хотелиери во Битола кои му прогледале низ прсти , кај него мора да плати.
Инаку,  засега сеуште не се знае каде се двете близначки кои В.У. ги донесе на свет во приватната болница “ Плодност” од Битола и што станува со нив.
Веста дека изманикот Р.Б.  е во Прилеп ни ја потврди и сопственикот на “ Плодност” д-р Таше Трпчевски, кој ни изјави дека се работи за вешт измамник, кој се прави дека не разбира македонски јазик и зборува само англиски и на убедителен начин успева да се “луксузира” во македонските хотели. Тој за време на летните месеци се луксузирал во неколку битолски хотели, а без да плати В.У.  се породи во приватната болница “Плодност” и на свет донесе две женски близначиња.
Со оглед на тоа што девојчината на свет дојдоа предвреме и беа мошне ситни, тие беа ставени во инкубатор и два дена подоцна со возило за итна помош, сопственост на Болницата, бебињата биле транспортирани во Детската скопска клиника каде што требало да поминат извесен период на закрепнување, а мајката била задржана во болницата “ Плодност “ да се опорави од породувањето.
И додека бебињата беа во Скопје, во битолската болница се луксузирал среќниот “татко”, од САД, чекајќи неговата сопруга да се опорави. За тоа време тој уживал во раскошниот апартман на болницата и си играл со детето во блиската игротека, која се наоѓа во непосредна близина на болницата.
Да потсетиме Р.Б. заедно со неговата придружничка В.У. претставувајќи се како “зафатен“  бизнисмен од САД и личен пријатели на амбасадорот на САД, Пол Волерс, не само што подолго време бесплатно се луксузираа во Битола, користејќи ги услугите на неколку битолски хотели, туку без да платат,  на свет донесоа и женски близначки, чија судбина во моментот никој не ја знае.

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*