Don't Miss
Home / Uncategorized / Шест лица повредени во сообраќајка кај Прилеп

Шест лица повредени во сообраќајка кај Прилеп

Едно лице е потешко, а пет се полесно повредени во сообраќајната несреќа што се случи во 15:13 часот на магистралниот пат Прилеп-Битола кај клучката пред Тополчани.

Повредените се префрлени во Клиничкиот центар во Битола и никој не е во животна опасност.

Според Сања Стаматова, портпарол на СВР Битола, во несреќата учествувле три патнички возила.

Тројца од четворица патници се повредени во патничкот возило „опел зафира“ со прилепски регистарски таблички, двајца од патничко возило „хундаи фанта фе“ со прилепски регистарски таблички кои се здобиле со лесни телесни повреди, а потешко е повреден возачот и единствениот патник во патничкото возило „пежо партнер“ со охридкси регистраски талбички.

Трите возила се движеле во правец Прилеп кон Битола и според полицијата од засега непознати причини се судриле.

Од СВР-Битола велат дека една од причините се и временските неприлики на патот.

Поради сообраќајната несреќа магистралниот пат Прилеп-Битола беше затворен за сообраќај од 16 до 17 часот и целиот сообраќај беше пренасочуван по стариот пат за Битола.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*