Don't Miss
Home / Вести / Известување до жителите на Општина Битола за достава на барања за надомест на штета

Известување до жителите на Општина Битола за достава на барања за надомест на штета

Поради снегот и ниските температури кои ја зафатија Општина Битола во периодот од 05.04.2025 до 08.04.2025 година и предизвикаа штети кај овошките и другите земјоделски култури, се повикуваат жителите на Општина Битола кои претрпеле штета да поднесат барање за надомест на штета на шалтерите во Општина Битола.

Барањето може да се преземе од следниот линк https://www.bitola.gov.mk/nadomest-na-steti/

Во прилог на барањето потребно е да се достави:

  • имотен лист/доказ за сопственост
  • фотографии од претрпената штета
  • копија од лична карта
  • број на трансакциска сметка

Врз основа на доставените барања, комисија од Општина Битола, ќе врши проценка на штетите на терен.

Барањата можат да се доставуваат од понеделник 14.04.2025 до среда 23.04.2025 од 09.00 до 15.00 часот, стои во Известувањето од Општина Битола.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*