Home / Градска хроника / Ќе се гради крст во манастирот “Рожденство на Пресвета Богородица“ во Новаци

Ќе се гради крст во манастирот “Рожденство на Пресвета Богородица“ во Новаци

Новачкиот манастир “Рожденство на Пресвета Богородица“ кој важи за еден од најубавите и единствен по местоположбата наскоро ќе добие голем крст кој ќе биде изграден на самиот влез од лева страна.

Покрај крстот ќе биде спроведено и професионално осветлување а манастирот ќе добие и озвучување.

-Во присуство на владиката Петар и пратеникот од дијаспората Васко Наумовски го разгледуваме дворот на манастирот со цел да го одредиме местото каде наскоро ќе се постават темелите за голем крст со висина од 245 метри кој ќе биде осветлен. Изградбата ќе биде целосна донација од ФОД додека спроведувањето на електричните работи и озвучувањето ќе го покрие општина Новаци.“ рече градоначалникот Лазар Котевски.

Градоначалникот Котевски со неговите гости го посетија и манастирот Св.Никола во Мегленци кој го празнуваше истоимениот празник.

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*