Home / Колумни / Кој го дрибла Пелистер ?

Кој го дрибла Пелистер ?

Фудбалскиот клуб Пелистер  ги преживува најтешките денови во својата богата клупска историја. Иако речиси сите екипи ги почнаа подготовките за новата фудбалска сезона, фудбалскиот клуб Пелистер сеуште не старува(ше) со подготовките.

Сеуште актуелниот тренер на Пелистер, Спасе Ристевски, кој го наследи Срѓан Захариевски, не ја закажа првата прозивка, бидејки од 25 фудбалери, колку што боеше играчкиот кадар на клубот, сега тој на располагање има само неколкумина фудбалери.

Според информациите кои ги имаме  моментно клубот брои само 7 фудбалери, а останатите 18 играчи, кои го носеа дресот на Пелистер во есенскиот дел од првенствто, веќе си заминаа од Битола.

Деновиве  Битола   наликува(ше) на кванташки пазар, каде за без пари се продаваа  играчи.

И додека фудбалерите на Пелистер во најголем број ја напуштија Битола, сеуште доминантните сопственци на клубот, како и Општината Битола, водат дијалог на глуви за судбината на Пелистер.

Додека раководството на клубот во оставка, и натаму цврсто оспстојува на ставот дека немаат намера повеќе да го водат Пелистер, од општината Битола возвраќаат дека сопствениците на доминатниот пакет акции можат да го вратат  Пелистер само под услов да ги исплатат сите обвсрки кои ги имаат направено  и преземено во изминатиот период.

На ваквите препукувања, се надоврзуваат “ апелите  “кои доаѓаат од навивачката група “ чкембари “ која апелира што побрзо да се надминат состојбите, зашто во спотивност тие ќе презмеат радикални мерки.

Во најкуси црти главно тоа се состојбите со кои се соочува во последно време фудбалскиот клуб Пелистер.

И додека траат надмудрувањата и (раз)убедувањата како да се реши овој спор, кој како што стојат работите по се изгледа ќе има и судски епилог, времето  буквално си лета, а Пелистер е се поблиску до бездната.

Дали ќе се случи тоа што се случи со Пелистер пред три години, кога клубот, под раководството на сега веќе  екс сопственикот на клубот, фирмата “Цермат”, испадна од Првата фудалска лига, или ќе се најде во последен момент решение за спас на Пелистер, се прашања кои во последно време се почесто си ги поставуваат љубителите на фудбалот во Битола.

Тоа што посебно ги загрижува  битолските тифози е што двете страни, кои во моментот се сопственици на Пелистер, фирмите на Орце Камчев и Цветан Панделевски, како и општината Битола, наместо да седнат и изнајдат решение за надминување на состојбите, едноставно преку соопштенија и прес конфернеции се препукуваат едни со други.

Двете страни и натаму опстојуваат на своите цвсрти ставови дека тие ги исполниле сите обврски кои ги имале кон Пелистер.

Ваквите игри едноставно наликуваат на “дриблинзи” од кои Пелистер, а  во таа смисла и Битола ќе си стави автогол, кој ќе го чини испаѓање  од Првата лига, а можеби и згаснување на клубот.

Иако Пелистер е приватна сопственсот на акционерите на фирмите на Орце Камчев и Цветан Панделевски, како и општината, која поседува само 25 отсто од акциите, сепак тој е пред се клуб на градот и никој нема право да си игра со неговата судбина.

Таквите игри во изминатите  неколку децении од историјата на Пелистер мошне скапо ги чинеле клубот, кога мораше да се врати во Југозападниот фудбалски регион.

Без намера да се ставам во улога на адвокат на било која страна, сепак едно што паѓа в очи е дека во сите изминати години од т.н. “ приватизација “ на Пелистер работите наместо на подобро одат на полошо.

А кризата во Пелистер не е од вчера. Напротив таа трае од продажбата на клубот на фирмата “ Цермат”, која го “купи “ Пелистер под сомнителни околности и услови, кои никогаш не ја видео светлината на денот.

Со цел да му го продадат Пелистер на “ Цермат “ Талески најпрво ја елиминираа кипарската фирма која сакаше да го купи Пелистер,а  подоцна во договорот ставија такви услови во кои сопственикот на “Цермат” можеше да вложи во клубот и само едно евро и да ги исполни условите.

Откако на голема врата Талески го продаде Пелистер потоа  на мала врата клубот испадна од Првата лига.

Талески подоцна со новите акционери се вклучи во спасувањето на клубот, враќањето во Првата лига, како и продажбата на Пелистер на новите сопственици, кои раката на срце  клубот не само што го извлекоа од дното, туку успеаја да го освојат и Купот на Македонија.

И тогаш, по тој голем успех, сопственците на Пелистер на прес конференција најавија дека ќе го вратат клубот на општината доколку претходниот сопственик, или општината не си ги исполнија обврските  кои ги имаше кон нив и исплата на 100.000 евра.

И наместо да се седне да се разговара отворено за проблемот, Пелистер стана предмет на поигрување.

Затоа општината Битила  треба и мора да се седне со доминантните сопственици да изнајдат решение за надминување на кризата.

Паралелно со тоа општината треба на увид на јавноста и надлежните органи да им ги достави сите договори за купородажбата на Пелистер како со претходниот сопственик на  “Цермат”  така и со сегашните доминантни сопственици, фирмите на Орце Кмачев и Цветан Панделевски.

Битолчани, особено љубителите на фудбалот заслужуваат да ја дознаат вистината како и под кои услови бил продаден Пелистер и каде завршуваа парите од неговата (купо)продажба. Во спротивно се ќе биде залудно, а залудни ќе бидат и напорите на новатата локална самоуправа да го изградат стадионот под “Тумбе Кафе”, каде ќе се игра треторазреден фудбал.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*