Home / Вести / Колективна меморија на Битола

Колективна меморија на Битола

                  

Виолета Дракалска, советник на СДСМ за јубилејот на Битолски весник 56 години од излегувањето на првиот број изјави:

-Битолски весник е бренд за Битола. Да се биде сведок на градењето на тој бренд е пак вистинско задоволство. Во овие мигови кога  се одбележуваат 56 години  од излегувањето на првиот број се чувствувам пријатно, горда сум што сметам дека сум била дел од градењето на тој бренд, купувајќи го и читајки го.

Во далечната 1984 година, како претседател на тогашниот Сојуз на младите на општина Битола, имав прилика да се запознаам и да соработувам со  тимот на Битолски весник. Сеуште ми се свежи секавањата на работните простории, новинарите, нивниот ентузијазам и пред се професионалниот пристап да се прикажат случувањата објективно. Соработката беше секогаш на обострано задоволсво.

Како хроничар на настаните, по скалилата на успехот, Весникот имал падови и успеси.Но Битолски весник успешно опстојува, и покрај бројните турболенции со медиумите, особено печатените во земјата, од кои дел од нив згаснаа. Пожртвуваноста на неговите сопственици, уредници, новинари, не дозволи илјадниците цитатели да останат без него. Читателите го градеа весникот, весникот ги градеше читателите. На неговите страници низ годините  се пишува за политика, за економија, култура, спорт, се одбележуваа значајни датуми, настани, се пренесуваа приказни за  граѓаните. Низ неговите  страници  битолчани и пошироко ја имаат можноста да добијат проверени и значајни информации. Тој е крвоток на вистината за нашиот град, со кој се создава јавното мислење и влијание врз промените на општеството.

Во својот долгогодишен опстој Битолски весник бил иницијатор за бројни активности, манифестации со кои несомнено се градела историјата на Битола. Се она што се случувало во минатите 56 години е забележано, нема да биде заборавено благодарение на писанијата во него.. Важноста на весникот како медиум на локално ниво е од големо значење за остварување на правото на информиранје , како и остварување на правото на слободно изразување на секој поединец.

Освен тоа Битолски весник издал и повеке од стотина книги од значајни автори, што е голем подвиг.

Битолски весник е колективна меморија на Битола. Се надевам и во иднина ќе продолжи да биде хроничар за се она што не опкружува, што е дел од нашето секојдневие.

Денес кога пазарните услови за опстојување на печатените медиуми се тешки, мораме како битолчани да го поддржиме Битолски весник, тој  да биде дел од нашето секојдневие. Особено треба да е значајна поддршката од локалните фирми, кои можат да го пронајдат својот маркетиншки интерес преку најразлични форми и содржини.

          Кога се работи  професионално, со љубов и голема пожртвуваност, со ентузијазам, истрајност, успехот секогаш е гарантиран.

          Ќе го има весникот, ќе ја има битолската хроника и во иднина.

Ви ја честитам  годишнината и ви посакувам  успешна работа, да го имаме весникот, да ја има битолската хроника и во иднина.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*