Home / Вести / Неуморен хроничар на битолското живеење

Неуморен хроничар на битолското живеење

                 

Д-р Живко Митревски, професор и екс претседател на Синдикатите на Македонија за јубилејот на Битолски весник изјави:

-Историјата на Битола е позната и препознатлива по многу нешта, но едно е сигурно, новинарската, не само битолска, туку и македонска историја  нераскинливо врзана е со еден препознатлив бренд, а тоа е Битолски весник, наш неуморен хроничар на битолското живеење и пошироко.

           Историски неуморен трагач по вистината,светилник на читателот откривајќи низа настани, достигнувања, но и порази, падови,презентер од врвни професионалци, кои ја отсликуваат со години приказната и историјата на конзулскиот град.

Ете тоа е нашиот и ваш Битолски весник .Среќен јубилеј на Битолски весник, срекен јубилеј на битолчани ,верни читатели на овој наш и ваш хроничар.                   

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*