Home / Вести / Мајка и син загинале во пожар во Битола

Мајка и син загинале во пожар во Битола

Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство – Битола врши увид во куќата во која ноќеска избувнал пожар, при животот го загубија мајка и син.

Како што информираат од Обвинителството, пожарот избувнал во семејна куќа во Битола денеска во раните утрински часови, при што настрадале жена и седумнаесетгодишно момче. „Надлежниот обвинител од Основното јавно обвинителство – Битола врши увид на местото на настанот заедно со екипа од Министерството за внатрешни работи и Противпожарната служба. Надлежниот јавен обвинител издаде наредби за фотографирање и обезбедување на местото на настанот, како и за вршење на сите потребни вештачења во насока на откривање на причините за пожарот. Издадена е наредба за обдукција на пронајдените тела и се преземаат други дејствија неопходни за расветлување на случајот“, се вели во соопштението.

Според полицијата, пожарот избувнал во 4,20 часот на улицата „Девеани“, во куќа сопственост на Т.А.(60). Екипа на Територијалната противпожарна заштита Битола интервенирала на лице место, а во пожарот животот го загубиле сопугата на сопственикот – Ф.А.(53) и нивниот 17- годишен син. Увид е извршен од страна на јавен обвинител и екипа од Секторот за внатрешни работи Битола. Се преземаат мерки за утврдување на причините кои довеле до опожарување и целосно расчистување на настанот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!