Home / Политика / Милошоски: Ќе продолжиме со изградба на нова спортска инфраструктура

Милошоски: Ќе продолжиме со изградба на нова спортска инфраструктура

Нов спортски комплекс кој што би бил од поголеми размери со ватерполо базен, спортска сала, гимнастичка сала, како и сала за боречки вештини, најави во Битола Антонио Милошоски носител на ИЕ 5 од Коалицијата за подобра Македонија.

-Но нема да застанеме тука и на спортските клубови и федерации ќе им овозможиме 3 проценти од приходите кои што ги имаат обложувалниците да се слеваат во спортските федерации и да бидат нивна поддршка за финасии, а второ според законски норми да овозможиме на стопанствениците кои што ќе сакаат да инвестираат во спортот да бидат ослободени од данок на добивка во висина од 50 проценти на донацијата со што сметаме дека ќе им ја овозможиме финансиската рамка за да можат посебно групните спортови да опстојуваат и да напредуваат, истакна Милошоски.

Тој потенцираше дека на тој начин смета дека Македонија ќе има една системска политика кон спортот.

 

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*