.flexslider .slides img { width: 300px!important; height: 250px!important; display: block; }
Don't Miss
Home / Uncategorized / Мицковски единствен кандидат за наследник на Груевски

Мицковски единствен кандидат за наследник на Груевски

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски, објави дека ја прифаќа одговорноста да се кандидира за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, откако денеска заврши рокот за поднесување кандидатури. Својата порака на фејсбук Мицковски ја почнува со зборовите на Винстон Черчил, „Никогаш, никогаш нема да се откажеме“, од говорот одржан на 4-ти јуни 1940 година пред крајот на Втората Светска војна каде Черчил повикува на отпор кон фашистистите.

„Во изминатиот период голем дел од членството на ВМРО-ДПМНЕ, членови на партиската структура, членови на општинските и месните комитети, но и огромен број на обични граѓани ми изразија поддршка и охрабрување да превземам чекор. И јас, со чиста мисла, со голема верба, и со отворено срце ќе ја прифатам одговорноста да поднесам кандидатура за претседател на ВМРО-ДПМНЕ кој ќе се избере на 16тиот конгрес во Валандово. Ова за мене лично е една од најсериозните одлуки во животот“, напиша тој.

Според него ВМРО-ДПМНЕ е вистинскиот избор кој ги има одговорите кои Македонија ќе ја направат попресперитетна, напредна, угледна, достојно место за живот

„Како човек можев да одберам да останам професор на мојот факултет, или пак да продолжам да работам и творам во научната област каде имам долгогодишен минат труд, но како граѓанин на оваа земја не можам да останам рамнодушен на болното секојдневие на македонскиот граѓанин, на неговите реални потреби. Човек не е среќен кога секојдневието е исполнето со несигурност и нестабилност, кога земјата која толку многу ја сакаш оди во погрешна насока. Мојата кандидатура е широко понудена рака за секој еден кој сака да биде дел од тимот кој ќе ја создава визијата и ќе го реализира сонот за победничка и економски напредна Македонија. Јас имам план. За нова надеж за нашата татковина, силна и достоинствена!“, порачува Мицковски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*