Home / Uncategorized / ВМРО сепак оди на Конгрес

ВМРО сепак оди на Конгрес

Вонредниот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ на 23 и 24 декември во Валандово сепак ќе се одржи. На вчерашната седница на Извршниот комитет била отфрлена иницијативата за одложување на конгресот потпишана од видни функционери на ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кои Илија Димовски, Антонијо Милошоски, Трајко Вељановски…

Тие преку иницијативата тврдат дека сакале да укажат на сериозните проблеми настанати во процесот на организирање и спроведување на Конгресот на Партијата, но и да понудат решенија кои ќе бидат општоприфатливи за целокупното членство на ВМРО-ДПМНЕ. Според нив, партиските ресурси се злоупотребувале во функција на еден кандидат, алудирајќи на генералниот секретар на партијата, Христијан Мицковски.

Лидерот во оставка, Никола Груевски во неколку наврати досега истакна дека не фаворизира ниту еден од кандидатите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*