Home / Македонија / На 13 декември изборно Собрание на ЗНМ

На 13 декември изборно Собрание на ЗНМ

На 13 декември, во хотелот “Холидеј ин“ во Скопје, ќе се одржи редовното изборно собрание на Здружението на новинарите на Македонија, на кое членовите на Здружението треба да изберат претседател на новинарите, како и управен, надзорен одбор и членови на Советот на честа.

Засега,  единствен кандидат кој ја најави својата кандидатура за прв човек на Здружението на новинарите на Република Македонија е актуелниот претседател Насер Селмани, новинар на дневниот весник “Вест“, кој одлучи да се трка за својот втор мандат.
Инаку, право на кандидирање за претседател на новинарите на Република Македонија има секој член на ЗНМ, кој ќе добие поддршка од најмалку 10 членови, а за избор во органите и телата на ЗНМ имаат тие новинари кои ќе обезбедат поддршка од најмалку 5 новинари-членови на ЗНМ.
Кандидирањето за претседател на ЗНМ, како и за другите органи и тела на ЗНМ трае до 10 декември, кога ќе бидат заклучени кандидатските листи.

Инаку, на изборното собрание на Здружението на новинарите право на глас имаат само членовите на ЗНМ, кои ја имаат регулирано членарината, или кои тоа ќе го направат до 1 декември.

 

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*