Don't Miss
Home / Uncategorized / Наградата за мир на Мостар за Зоран Заев

Наградата за мир на Мостар за Зоран Заев

Премиерот Зоран Заев, доби награда за мир во Мостар, Босна и Херцеговина, со што влезе меѓу значајните личности во светот од политичкиот и општетствениот живот, заслужни за поврзување на луѓето, поттикнување соработка и меѓусебно почитување.

Центарот за мир и мултиетничка соработка и Претседавачот со Советот на министри, Денис Звиздиќ, во име на граѓаните на Мостар и БИХ, синоќа му ја врачија на премиерот Заев наградата „Мостарска повелба за мир“, на свеченоста во чест на 13-годишнината од обновата на Стариот мост во градот.

– Премиерот Заев е заслужен за мирната разврска на политичката криза во Република Македонија и демократските промени што донесоа нова реформска Влада во земјата. Тој се определи за мир не само во Македонија, туку и за градење мостови во целиот регион. Силно е фокусиран на европската и регионаланата соработка, со што испраќа порака на охрабрување кон сите политички лидери и граѓани за сплотеност, разбирање и толеранција, како придонес кон нашата заедничка иднина – истакна претседавачот со Советот на министри, Звиздиќ, кој му ја додели наградата на премиерот Заев.

Звиздиќ на свеченоста во Мостар ја оцени првата официјална посета на владината делегација од Македонија предводена од премиерот Заев, како почеток на плодна соработка помеѓу двете држави, Република Македонија и Босна и Херцеговина, што испраќа силен сигнал за регионална соработка на што државите се обврзаа за процесот на евроинтеграции.

– Премиерот Заев е човек и политичар кој носи нова енергија и нова визија во регионот. Тој сплотува луѓе и држави – рече претседавачот со Советот на министри, Звиздиќ.

Претседателот на Заев порача дека мирот и стабилноста, како и соработката меѓу луѓето и државите се цивилизациски вредности и дека обврска на на секој одговорен човек и политичар е да ги негува и унапредува.

– Да подаваме рака секој нов ден, да помагаме секому. Од мое име, од име на Владата на Република Македонија и од име на граѓаните на Република Македонија честитам за придонесот на Мостар и БИХ во регионалниот мир и сензибилитетот со којшто го негува – рече премиерот Заев меѓу другото, во обраќањето на свеченоста.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*