Home / Македонија / Не е нарушен производниот процес во РЕК “Битола“

Не е нарушен производниот процес во РЕК “Битола“

Во врска со поплавите во Новаци со соопштение се јави и менаџментот на АД ЕЛЕМ.
Големиот воден бран кој деновиве ја зафати Пелагонија и доведе до излевање на реката Црна кај село Новаци, не предизвика посериозни проблеми во работата на најголемиот енергетски капацитет РЕК “Битола“.

Производниот процес во комбинатот се одвива според планот, а експлоатацијата на јаглен се одвива континуирано, во согласност со условите на теренот.  Во комбинатот се преземени сите мерки за работа во услови на елементарна непогода, ангажирана е целата расположлива механизација, зголемена е будноста и мобилноста на вработените и на менаџерскиот тим.
Состојбата на терен постојано се следи и навремено се преземаат потребните мерки и активности за да не дојде до нарушување на производниот процес и до предизвикување на штети по опремата и по безбедноста на вработените.

Поради оштетување на патот Битола – Новаци, комуникацијата со РЕК Битола ќе се одвива по алтернативни патишта, се вели во соопштението за јавноста во АД ЕЛЕМ.

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*