Home / Uncategorized / Нема екстрадиција за Грујовски и Бошковски

Нема екстрадиција за Грујовски и Бошковски

Горан Грујевски седми на листата и помилуван за три дела, Никола Бошкоски под број 46. Оваа листа со помилувани на претседателот Ѓорге Иванов во земјава две години  е неважечка, бидејќи самиот ја поништи.  Но, за грчкиот Врховен суд е главен аргумент за да им ја уважи жалбата и да не ги екстрадира дома каде ќе се соочат со судски процеси за масовното прислушување. Адвокатот на разузнавачите вели Грујевски и Бошкоски ќе бидат слободни граѓани во Грција, после осум месеци во притвор.

„Врз основа на помилувањето кое претседателот го има издадено за кривичните дела  аа кои се гонат, според судот во Атина и според Европската конвенција за човекови права и голем број пресуди како пракса од овој дел судот смета дека амнестијата не може ниту да се повлече ниту да престане нејзината правна сила штом еднаш е издадена од претседателот. После оваа пресуда ќе бидат ослободени и ќе можат да ги уживаат сите слободи и права“, вели Петар Василев – телефонски телоп

Тие легално, не може да излегуваат од Грција бидејќи ќе се активира меѓународната потерница. На слобода ќе чекаат  уште два процеса, еден за политичкиот азил кои го бараа, а друг затоа што беа фатени со лажните пасоши. Одлуката на највисокиот грчки суд е правосилна и потоа  ќе оди на потпис кај министерот за правда во Атина.
Дали има план Б за депортирање на разузнавачите дома,  од министерстото за правда не најавуваат.

„Прво ќе ја почекаме одлуката од Грција да ја добиеме не писмено, а потоа ќе се изјасниме што понатаму“, –  Министерство за правда

Познавачите на меѓународното право велат дека македонското министерство може да прати одговор до грчките колеги и да образложи зошто треба да ја промени одлуката.

Во меѓувреме Кривичниот суд треба да донесе одлука дали ќе ја издвои постапките за Таргет Тврдина – каде и двајцата се обвинети за аферата со прислушувањето. Овој предмет беше одложуван повеќе пати токму поради нивното отсуство. Се одложуваше и Трезор, за незаконската набавка на шпионска опрема преку контроверзната фирма Финзи, во која е обвинет само Горан Грујевски. Тој во отсуство веќе доби затворска казна од година ипол поради уништување на документи поврзани со прислушувањето.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*