Home / Македонија / Нимиц: По Атина, очекувам добри разговори и во Скопје

Нимиц: По Атина, очекувам добри разговори и во Скопје

„Имавме добри средби во Атина. Се надеваме дека ќе имаме добри средби и тука. Се радувам на средбите во Владата и другите лидери во Скопје“, изјави посредникот на ОН Метју Нимиц по пристигнувањето во Скопје.

Нимиц, претпладнево, со своите соработници, беше во скопскиот хотел „Холидеј Ин“.

Официјална изјава за посетата и ефектите од разговорите во Скопје медијаторот Нимиц, според најавите од МНР, ќе даде утре по средбата со министерот за надворешни работи, Никола Димитров.

Нимиц, како што е најавено, во текот на дводневниот престој ќе биде примен од претседателот Ѓорѓе Иванов, премиерот Зоран Заев, а ќе има средби и со министерот за надворешни работи Никола Димитров, со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, како и со претседателот на ДУИ Али Ахмети.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!