Home / Uncategorized / Нови 30 дневен притвор за Игор Југ

Нови 30 дневен притвор за Игор Југ

Игор Југ доби 30-дневен притвор и вратен е во истражниот затвор Скопје, откако Основното јавно обвинителство информира дека ја прошири истрагата против него. Тој е осомничен дека ја предводел толпата која упадна во Собранието на 27 април.

Претходно, полицијата го преземала Југ од истражниот затвор Скопје и го однела во Основниот суд Скопје 1, откако тој утринава бил пуштен по истек на осумдневниот притвор.

Обвинителството вчера го поднесе предлогот за продолжување на притворот, бидејќи постои сомнеж дека осомничениот може да избега, да ја попречи истрагата или да го повтори делото.

Игор Југ беше приведен на 21 септември во Куманово, откако за него постоеше централна потерница за учество во толпа што ќе изврши кривично дело и локална потерница за разбојништво.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!