Home / Култура / Промовирана Монографија за браќата Манаки

Промовирана Монографија за браќата Манаки

На фестивалот  “Браќа Манаки “ се одржа и промоција на Монографијата за браќата Јанаки и Милтон Манаки, на Роберт Јанкуловски.

Филмологот Игор Старделов од Кинотеката на Македонија, кој ја промовираше книгата, рече дека бил пресреќен што конечно некој се нафатил да ги истражува фотографиите на браќата Манаки.

– Во Архивот на Македонија, подрачно одделение Битола, постојат илјадници негативи од фотографии кои никој до сега не ги погледнал. Роберт се нафати на макотрпната работа да ги дигитализира и зачува негативите од стаклените плочи. Тоа значи дека тие се сега дигитализирани и зачувани. Многу ме радува што процесот на дигитализација и на останатите материјали продолжи во архивот- рече Старделов.

Тој исто така истакна дека значајниот исчекор што го направил Јанкуловски во истражувањето на делата на браќата Манаки е тоа што ја анализирал и естетската вредност на фотографиите на браќата.

Ацо Кимовски, од битолското одделение на Државниот архив на Македонија, истакна дека работата на Јанкуловски ги мотивирала да продолжат со дигитализирање и на преостанатите материјали кои се наоѓаат во архивот. Јанкуловски пак, вели дека Битола е пред се фотографски град, а потоа филмски град.

– Битола е повеќе фотографски отколку филмски град, се надевам дека во иднина ќе се направи по една монографија за сите значајни фотографи од овој град, како Папакоч, Пинза, и многу други. Некои од нив работеле и пред браќата Манаки – вели Јанкуловски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*