Home / Uncategorized / “Поинаку “ за поинаков развој на туризмот во Битола

“Поинаку “ за поинаков развој на туризмот во Битола

Претставници на независната кандидатска листа за советници во Советот на Општина Битола со носителот Габриела Илиевска, вчера остварија средба со Здружението за угостителство и туризам „Клуб Енаф“-Битола.

Средбата беше на барање на членовите на Здружението, кои освен за проблемите од секојдневното живеење, со кандидатите за советници разговараа за проблематиката од нивната област на делување.

Од причина што на една неодамнешна неформална средба одржана во сличен состав веќе беа идентификувани главните проблеми на еснафот, двете страни констатираа дека најголемиот дел од нив се содржани во изборната Програма на оваа независна листа. И не само тоа, туку еден од приоритетите во Програмата на кандидатската листа и носителот Габриела Илиевска е формирањето Комисија за туризам во рамките на општинскиот Совет. Комисијата ќе има за задача да иницира носење Одлука за формирање Општински туристички сојуз и туристички инспекторат, отворање туристички инфо центар и продавници за сувенири. Истовремено, во работата на новоформираната Комисија за туризам ќе учествуваат претставници на Здружението „Клуб Еснаф“, кои заедно со останатите членови меѓу другото ќе решаваат и за поставувањето на урбаната опрема во градот.

„Симболите на Битола, пред сѐ Пелистер и Широк Сокак, традицијата на урбана средина со епитетите „Град на конзулите“ и „Град на клавирите“, како и богатото историско и културно наследство, придонесуваат Битола да биде туристички град и посакувана туристичка дестинација. Токму заради тоа, туризмот мора да биде еден од носечките столбови за економскиот развој на градот и за економски силна Битола“, беше констатирано на средбата.

На крајот на  средбата кандидатите за советници од независната листа на носителот Габриела Илиевска изразија подготвеност за потпишување Меморандум за соработка во кој, доколку за тоа постои потреба, ќе бидат внесени сите  барања на Здружението за угостителство и туризам „Клуб Енаф“-Битола.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*