Home / Вести / Од 10 до 13 години за обвинетите кои се обидоа да го убијат Села

Од 10 до 13 години за обвинетите кои се обидоа да го убијат Села

Судијката Славица Андреевска им изрече  затворски казни од 10,6 до 13,6 години, на  седумината обвинети за обидот за убиство на пратеникот Зијадин Села.

Според пресудата, која денеска беше соопштена во Кривичниот суд, обвинетиот Кире Георгиевски е осуден на 13 години, а истат казна доби и Александар Јаневски Тошта. А половина месец повеќе, односно најголема казна од 13,6 години доби  Никола Војминовски. По десет години и шест месеци добија Андреј Мицов, Николче Димитриевски, Оливер Ошавковски и Коста Делов.

Според кривичното дело за кое се гонеа, на обвинетите им се закануваа затворски казни од 5 до 15 години.

-Обвинетите со умисла се обиделе од живот да го лишат пратеникот Зијадин Села, рече судијката Андреевска, опишувајќи ја улогата на секој од обвинетите, односно кој го извлекол Села од кругот на останатите пратеници, како и тоа кој го газел и удирал по главата и телото.

Обвинетите смирено ја ислушаа судијката, а само тивко издишување се слушаше од нивните најблиски роднини, кои беа во судница.

Обвинителот Дарко Јакимовски побара обвинетите да останат во притвор, од кои двајца, Војминовски и Јаневски се во куќен притвор.

По признанието на вина, за истото дело, неодамна на обвинетиот на обвинетиот Стојан Павлевски му беше изречени казна затвор од три години, а на Цејо Георгиевски една година и два месеци. Во казната на обвинетите им се пресметува и времето поминато во притвор. Павлевски и Георгиевски треба да ги намират сите трошоци.

Првично во овој случај беа обвинети десетмина, но обвинителот Дарко Јакимовски пред завршните зборови го повлече обвинението против Сашо Сенков, за кого обвинителот посочи дека нема доволно докази оти го сторил делото.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!