Don't Miss
Home / Градска хроника / Општината со акција за чистење на депонија во Новаци

Општината со акција за чистење на депонија во Новаци

Општина Новаци секоја година спроведува акција на чистење на дивите депонии кои никнуваат на територијата на општината. Денеска во соработка со ГП Пелистер се чистеше една таква депонија во Новаци.
-Секоја година општината спроведува вакви акции за чистење на дивите депонии кои се создаваат од одлагање на комунален смет и градежен шут. Оваа активност ние предвидена и со програмата за заштта на животната средина. Денеска во соработка со градежната механизација на ГП Пелистер ја чистиме оваа депонија во атарот на село Новаци. Вакви слични депонии имаме на повеќе места и сите редовно секоја година се чистат- рече градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски.

Слични акции ќе се спроведат и на депониите во Бач,Гермијан и Старавина.

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*