Home / Вести / Османи предлага укинување на полицискиот час

Османи предлага укинување на полицискиот час

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи денеска изјави дека сега е моментот да се разгледа можноста соодветната комбинација на меки мерки во справувањето со епидемијата на Ковид-19 да биде замена за сегашниот полициски час и затворањето на бизнисите.

-Време е со паметна комбинација на меки мерки да ги замениме полицискиот час и затварањето на бизнисите, истакна Османи при што уште еднаш посочи на задолжителното носење на маски и физичкото дистанцирање како меки мерки кои би го замениле полицискиот час.

Османи денеска во улога на главен координатор на општинските кризни штабови беше во посета на Центарот за јавно здравје во Скопје, каде се сретна со Директорот Арбен Зибери.

За време на средбата, како што соопшти прес-службата на СЕП, Османи и Зибери разговарале за состојбата во борбата против КОВИД-19, како и за предизвиците  кои произлегуваат од  секојдневната борба со истата.

Османи изразил благодарност до Зибери, но и до целиот тим на Центарот за целокупниот нивен ангажман и посветеност во борбата против КОВИД-19, при што констатирале дека Центарот беше еден од клучните столбови во борбата против пандемијата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*