Home / Вести / Пандемијата стивнува

Пандемијата стивнува

Во изминатите 24 часа направени се 249 тестирања, а потврдени се само 5 нови случаи на Ковид-19 и тоа во Скопје два, во Куманово еден, во Прилеп еден, во Тетово еден.

Според информациите, на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примени се 2 нови пациенти, а хоспитализирани вкупно 39. На кислородна поддршка е 21 пациент, а на механичка вентилација 1 пациент.

Во ГОБ „8 септември“ примени се 3 нови, а вкупно хоспитализирани 23 пациенти. На респираторна машина се 4 пациенти, а уште 5 се со потешка клиничка слика.

Во болницата во Битола се лекуваат 4 пациенти, а на домашно лекување се следат 3. Во болницата во Штип се примени 2 нови пациенти, а хоспитализирани вкупно 4, а уште 4 се следат на домашно лекување. На ифективните одделенија во Прилеп, Велес, Куманово, Гостивар и Тетово се хоспитализирани 44 позитивни и суспектни на ковид-19.

Согласно ова вкупната бројка на Ковид-19 дијагностицирани во нашата земја изнесува 1.601, бројката на оздравени пациенти е 947, а на починати е 84.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*