Home / Вести / Се распаѓа споменикот на Филип Втори во Битола

Се распаѓа споменикот на Филип Втори во Битола

                                  

            Споменикот на Филип Втори, поставен на плоштадот “ Магнолија “ во Битола буквално сe распаѓа.

            На споменикот на неколку места мермерот е откорнат, а оштетен  е и мермерот на постаментот.

            Воедно оштетен е и грбот на Битола кој  е поставен  пред споменикот на Филип Втори.    

            Инаку ова не е прв пат споменикот на  Филип Втори да е оштетен.

Пред неколку години споменикот на филип Втори од некои несовесни граѓани беше оштетен  и парчиња мермер  беа откорнати и расфрлани околу споменикот на плоштадот Магнолија.

Засега никој од локалната самоуправа не презема ништо да фо заштити споменикот на Филип Втори, кој  на плоштадот во Битола “ Магнолија “  беше поставен во 2011 година

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*