Home / Uncategorized / Отворен Ресурсен центар за слепи лица во Битола

Отворен Ресурсен центар за слепи лица во Битола

Во присуство на градоначалниците на Битола,  Демир Хисар, Новаци, Могила и Ресен, како и членовите на Здружението на слепи лица од Битола, денеска во Битола беше свечено отворен новиот Ресурсен центар слепите лица и  лицата со оштетен вид.

За овој Ресурсен центар, според договорот,  сите општини кои гравитираат ќе издвојуваат по 2 отсто  од средствата наменети за финансирање  на  Здруженијата  на граѓани, со што би се овозможило во наредниот период Центарот да функционира без пречки.

Ресурсниот центар покрај со поддршката на неколкуте општини  е  изграден и во  партнерство со УНДП.

-По цели три години барања и лобирања денеска  благодарение на поддршката на УНДП и општините од Регионот го отвораме овој Ресрусен центар,  каде слепите лица и лицата со оштетен вид, кои  според евиденцијата на Здружението за слепи лица Битола, ги има над 200, од кои четири се мали деца,  ќе можат да се дружат и да го поминуваат слободното време, изјави претседателот  на Здружението за слепи лица Битола, Стево Костадиновски.

Во Ресурсниот центар кој  се наоѓа во Урбаната заедница “ Коле Лачето “ поставени се најмодерни компјутери и лапт топови со сензорни екрани, преку кои слепите лица  ќе можат да ги следат сите настани, потоа има богата библиотека на книги со Брајова азбука, катче за играње шах, домино.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*