Славјето во Битола може да почне, откако Пелистер со 1-0 го доби вториот бараж меч против Хоризонт Турново и се врати во првата лига.
Битола слави, Пелистер се враќа во Првата лига, битолчани уште еднаш се радуваа во Ѓорче Петров, овој пат на минимални 1-0 и со вкупни 3-1 се пласираа во македонската елита.
Клучниот момент се случи во 62. минута кога Кузманов постигна гол за водство на Пелистер од 1-0 што се покажа и конечен резултат.
Македонската прва лига доби уште едно големо име назад, а Хоризонт Турново во следната сезона ќе настапува во втората лига.
Пелистер им се приклучува на Победа и Македонија Ѓорче Петров кои претходно обезбедија пласман во Првата лига.