Home / Uncategorized / Пјер Лом воодушевен од Македонија

Пјер Лом воодушевен од Македонија

Лауреатот на годинашново 38 издание на ИФФК Браќа Манаки, великанот на француската кинематографија, Пјер Лом веќе два дена престојува во Македонија. Тој и неговата сопруга Рене веднаш по пристигнувањето на скопскиот аеродром изразија желба да ја запознаат земјата и нејзината култура.

Тие ја посетија црквата „Свети Спас“ и таму ги видоа иконите од 15. и 16. век, како и иконостасот, потоа гостите од Франција се прошетаа низ Старата скопска чаршија, а на сопругата на Лом и’ се допадна накитот на македонските златари.

На патот кон Битола, генијалното снимателско око на Пјер Лом го забележа волшебно убавиот пејсаж. Тимот на фестивалот ги пречека гостите пред хотелот „Епинал“ во Битола каде им беа дадени подароци. Великанот на француската и светската кинематографија, Пјер Лом, рече дека е воодушевен од македонската културна традиција и од Македонија која ја слави работата на кинематограферите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*