Home / Вести / Почина докторот Константин Нича

Почина докторот Константин Нича

Ин Мемориам

                    Константин Нича

                             (1922-2020)

Во саботата  во Клиничката болница  во Битола во 98 година од животот по кусо боледување почина познатиот битолски лекар примариус Д-р Константин Нича.

Константин Нича  е роден на 11 март 1922 година во Крушево каде го заврсил основното образование. Средното образование покрај во Битола го следеше во разни градови на Македонија.

По ослободувањето  во 1944 година, тој  беше член на првиот Околиски народно ослободителен одбор за Крушевската околија и секретар на младинската органзиација.

Во 1945 година се запиша на медицински факултет во Загреб и истиот го заврши во 1952 година.Веднаш по завршувањето на факултетот беше назначен како единствен лекар по општа практика за Крушевската околија, каде покрај општа амбуланта водеше родилен дом и болнички стационар .

Во 1955 година започна специјализација по општа хирургија во хирушкото одделние при општата болница во Битола, а специјалистичкиот испит по општа хирургија го положи во 1959 година на хирушката клиника при Медицинскиот факултет во Скопје.

По специјализацијата се врати во Битола и се до пензионирањето работеше како специјалист по општа хирургија.

Во 1972 година доби звање примариус, а во 1985 година бесе назначен за здравствен советник при Медицинскиот центар во Битола.

За својата долгогодишна работа беше награден со Орден за заслуги за народ, дипломи, повелби, благодарници, златна плакета и сл.     

За своите успеси и постигања примариес д-р Константин Нича во 2013 година го доби признанието за животно дело на Манифестацијата на Битолски весник  “Избираме најусепшни битолчани “

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*