Home / Uncategorized / Почна скијачката сезона на „Копанки“

Почна скијачката сезона на „Копанки“

Денеска започнува новата скијачка сезона на скијачкиот центар „Копанки“.

Од ЕЛЕМ турс дооел Скопје и скијачкиот центар „Копанки“ соопштуваат дека терените за скијање се подготвени, а ски-патеките исчистени, уредени и обележани.

– Жичарата Бегова Чешма и ски лифтот се комплетно сервисирани, вклучително корпите и сидрата. Во поглед на безбедноста, извршени се редовните контролни мерења и добиени се сертификати за техничка исправност. Како и  секоја година, така и оваа,  спроведени се сите  технички подготовки и активности за непречен почеток и тек на престојната скијачка сезона, се вели во соопштението.

 

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*