Home / Политика / „Поинаку“: Ќе продолжиме да бидеме конструктивни без разлика на игнорирањето

„Поинаку“: Ќе продолжиме да бидеме конструктивни без разлика на игнорирањето

Советничката група „Поинаку“   денеска потсети дека изминаа 100 дена од конституирањето на новиот состав на Советот на Општина Битола. Ги потсетија граѓаните на сето она што го сработиле во Советот на Општина Битола.

„Она што како советници го побаравме од владејачкото мнозинство беше: 1.Формирање комисија за ревизија на работата на екс градоначалникот Владимир Талески 2.Одделување дополнителни средства за развој на туризмот и формирање на комисија со подготвена стратегија за работа 3.Информација за состојбата со амбиенталниот воздух во Битола 4.Формирање на посебен еколошки фонд 5.Предложивме отпочнување процедура за донесување предлог закон за заштита од загадувањето на животната средина предизвикано од РЕК Битола 6.Изработивме проект за згрижување на бездомните животни на територијата на општина Битола Она што граѓаните на Битола треба да го знаат, е дека сите наши предлози и барања, без образложение, беа ОДБИЕНИ! Истовремено, сакаме да потенцираме дека без разлика на игнорирањето и неприфаќањето на идеите и предлозите на советниците на „Поинаку“, кои се произлезени од континуираната комуникација со нашите сограѓани, ние и понатаму ќе бидеме конструктивни и ќе продолжиме со предлагање решенија за проблемите на битолчани. За крај, сакаме да ве потсетиме дека измина законскиот рок од 60 дена, а Битола сѐ уште нема добиено заменик градоначалник, иако е тоа законска обврска на градоначалничката на Општина Битола,“ изјави Габриела Илиевска, советник од „Поинаку“ .

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!