Home / Македонија / Прелиминарни резултати според ДИК: Разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ е 1,24 отсто

Прелиминарни резултати според ДИК: Разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ е 1,24 отсто

Коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ, според прелиминарните резултати што ги објави Државната изборна комисија, освоила 449.437 гласови, односно 37,98 проценти, додека коалицијата предводена од СДСМ освоила 434.835 гласови, односно 36,74 проценти.

Првпат во историјата на Македонија изборната трка е сосема изедначена и двете најголеми партии ќе добијат речиси ист број мандати. Разликата меѓу нив е 1,24 отсто.

Меѓу албанските партии, ДУИ освои 85.937 гласови, односно 7,26 проценти, движењето БЕСА – 57.927, односно 4,89 проценти, Алијанса за Албанците освои 35.091 гласови односно 2,97 проценти.

Од преостанатите учесници на парламентарните избори 2016 ДПА освои 31.016 гласови (2,62%), Коалицијата за промени и правда освои 10.083 гласови (0,85%), ПДП освои 1.142 (0,10%), Либералната партија – 3.840 (0,32%), ВМРО за Македонија – 24.363 (2,06%) и Левица – 12.119 гласови (1,02%).

Претседателот на ДИК Александар Чичаковски рече дека утре, заедно со првичните резултати, ќе ги објават освоените мандати. Првичните резултати ќе ги имаат по верификација на резултатите од ОИК добиени по електронски пат, а верификацијата ќе се случи откако ќе пристигнат резултатите во оригинална форма во ДИК.

Чичаковски не сакаше да даде коментар за текот на изборите, велејќи дека ќе почекаат да заврши постапката за одлучување по приговори и жалби.

Во продолжение следуваат прелиминарните резултатите по изборни единици.

Од вкупно 1.183.443 гласачки ливчиња, 37.639 се неважечки.

 

 

 

Извор: Нова Македонија

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*