Home / Македонија / Премиерот Груевски свика кризен штаб за невремето

Премиерот Груевски свика кризен штаб за невремето

Премиерот Никола Груевски вечерва итно свика кризен штаб за справување со невремето. Од неговиот кабинет за Press24 потврдуваат дека во Владата во моментов се министрите за транспорт и врски, за здравство и за одбрана.

Според информациите, се превземаат мерки за деблокирање на патиштата и оспособување на енергетските системи.

Екипи веќе се пробиваат до завеаните места а здравствените центри се во состојба на зголемена готовност.
Од МЕПСО за Press24 велат дека нивни екипи вложуваат натчовечки напори за да го санираат ипадот на енергетската мрежа кај Ресен. На самото место и на патот до него, има повеќе од метар и половина снег.

Според информациите од таму, околу полноќ се очекува да биде отстранет дефектот и Охрид и регионот да добијат струја.

 

 

Извор:Press24

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!